Второлигашот Беласица со младиот стратег Александар Стојанов ќе се обиде експресно да се врати во елитата. Тој е поранешен член на струмичкиот тим, како и на Хоризонт Турново и на Победа. Доби можност да ја предводи Беласица претстојната сезона.
„За мене преставува огромна чест и задоволство што после долги години ми се укажа прилика од страна на раководните луѓе да се вратам во мојот матичен клуб. Ќе се трудам да работам најдобро што можам, ветувам напорна работа, а сите во клубот си поставуваме една цел, а тоа е за стогодишнината на клубот, роденденскиот поклон за нашите навивачи да биде експресно враќање во Првата лига“ , изјави Стојанов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













