Сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, се обидува да го убеди шпанскиот голман Давид де Хеа да потпише со американскиот клуб. Изненадувачки, Де Хеа остана без тим откако летово го напушти Манчестер Јунајтед.
Иако стана една од легендите на „црвените ѓаволи“ и беше еден од врвните голмани во Европа, понудите за него речиси и да отсуствуваат.
Се шпекулира дека шпанскиот Бетис сака да го ангажира голманот, но тоа би можело да се случи во јануари. Желбата на Де Хеа е да остане во Европа, но во последен момент пристигна понудата од Бекам која може да ја промени ситуацијата.
Присуството на Меси во тимот на Интер Мајами исто така може да има влијание врз одлуката на Де Хеа. Таму играат и поранешните соиграчи на Шпанецот, Жорди Алба и Серхио Бускетс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













