
Еден од сопствениците на американскиот Интер Мајами, Дејвид Бекам, изјави дека разговарал со големата ѕвезда Лионел Меси за плановите на Aргентинецот по завршувањето на неговата професионална кариера. Според зборовите на Британецот, светскиот шампион од Мундијалот 2022 во Катар сака да се врати во Европа по крајот на активната кариера.
„Би сакал Меси да живее во Мајами по неговото пензионирање, но Лео ми рече дека размислува да живее близу до „Камп Ноу“. Нема играч кој ја сака Барселона толку многу како него. Можете да го видите логото на Барса на неговата нога и дури на неговата шише со вода“, изјави Бекам.
Лионел Меси му се приклучи на Интер Мајами во јули 2023 година, а неговиот актуелен договор трае до крајот на 2025 година. Како играч на американскиот тим, напаѓачот ја освои својата осма „Златна топка“ (2023) и исто така триумфираше на Копа Америка со својата национална селекција (2024). Сето ова Меси го постигна и покрај неговата зрела фудбалска возраст, бидејќи овој јуни ќе наполни 38 години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
