
Поранешниот шведски шампион Хелсингборг е новиот клуб на Егзон Бејтулаи, откако македонскиот репрезентативец денеска потпиша договор со овој клуб со важност до 2022 година. Бејтулаи не се договори за продолжување на соработката со Шкендија, а од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на Хелсингборг, екипа што ја заврши ланската сезона на средината од табелата во шведскиот шампионат.
„Многу сум среќен што потпишав за Хелсинборг, клуб со одлични навивачи и со добри услови за работа. Ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата“ – изјави 26-годишниот Бејтулаи.
Тренерот на македонскиот дефанзивец ќе биде долгогодишниот шведски репрезентативец Олоф Мелберг.
„Егзон доаѓа кај нас по серијата добри игри и на клупски и на репрезентативен план. Тој се снаоѓа добро и како централен дефанзивец и како десен бек, па очекуваме уште повеќе да се развие како играч во дресот на Хелсингборг“ – истакна Мелберг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
