
Герет Бејл се врати во Реал Мадрид и има цврст став да остане во шпанскиот клуб за да ја одработи последната сезона од договорот. Се споменуваше одење во МЛС – лигата на САД, се пишуваше и за можна пензија, но велшкиот репрезентативец следната година ќе биде во шпанскиот клуб со кој има договор до летото 2022 година.
Заминувањето на Зинедин Зидан и доаѓањето на Карло Анчелоти на клупата на Реал за Бејл претставува можност за нов почеток бидејќи токму италијанскиот тренер го донесе во клубот во 2013 година.
Сепак, јасно е дека Реал Мадрид се обидува да се ослободи од Бејл, пред се поради астрономската плата од 600.000 фунти неделно. Се уште постои опција тој да биде дел од трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид. Во таков случај Бејл би заминал за ПСЖ, а францускиот клуб целосно би ја покривал неговата плата. Но, ова е само размислување.
Бејл одигра 251 натпревар за Реал Мадрид, постигна 105 гола и забележа 68 асистенции. Со клубот освои 13 трофеи, од кои четири во Лигата на шампионите и два во шпанското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
