Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, би можел да се пензионира на крајот на сезоната доколку не се пласира на Светското првенство во Катар со репрезентацијата на Велс оваа година. Бејл веќе некое време не е во форма, што го красеше во поголемиот дел од кариерата и поради што асот на Тотенхем во 2013 година се пресели во Реал Мадрид.
Сезонава тој не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти, а според извори од Англија не би било изненадување доколку ја заврши кариерата ако не учествува со селекцијата на Велс на Светското првенство во Катар.
Неговиот договор со Реал истекува на крајот од сезоната и сигурно е дека нема да го продолжи, па фудбалот би можел да го заврши веќе на 1 јули, на 33-годишна возраст.
Претходно ќе игра бараж со Велс за пласман на мундијалот во Катар, а противник во полуфиналето ќе биде селекцијата на Австрија. Доколку ја победат оваа селекција, Бејл и соиграчите во финалето ќе играат со подобриот од дуелот Шкотска – Украина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













