
Велшкиот интернационалец Герет Бејл потврди дека веќе донел одлука околку неговите планови за следната сезона. Без разлика на студените односи меѓу фудбалерот и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, веројатно е дека Бејл ќе се врати во Мадрид и ќе ја заврши последната година од договорот.
Тотенхем нема опција за да го откупи неговиот договор, па тоа значи дека неговата втора авантура со “петлите” во Премиер – лигата завршува по крајот на тековната сезона. Во едно скорешно интервју, 31-годишникот соопшти дека ќе ја открие својата нова дестинација по Европското првенство ова лето.
“Нема да кажам ништо се додека не заврши Европското првенство. Го знам мојот следен потег, но ако го откријам, ќе настане хаос. Поради тоа, во моментов не размислувам за ништо друго освен за репрезентацијата на Велс”, изјави ѕвездата.
Освен враќање на “Сантијаго Бернабеу”, меѓу опциите на Бејл се споменува и трансфер во Кина или во МЛС – лигата на САД, или пак тој би можел да се определи за предвремено пензионирање со оглед на долгогодишните проблеми со повредите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго
