Германскиот бундеслигаш Унион Берлин ја заврши старата година со назначување на нов тренер, Штефен Баумгарт, кој ќе го замени Бо Свенсон на клупата. 52-годишниот Баумгарт е добро познато име во германскиот фудбал, а последен пат работеше како тренер на Хамбургер, од каде замина во ноември.
Баумгарт е поранешен миленик на навивачите на Унион Берлин, со оглед дека настапуваше за клубот од 2002 до 2004 година, остварувајќи 68 настапи и постигнувајќи 22 гола.
„Се решивме за Штефен Баумгарт затоа што веруваме дека тој е вистинскиот човек за оваа позиција. Тој е лидер кој знае како да ги мотивира и предизвикува своите играчи. Покрај тоа, Баумгарт има искуство во Бундеслигата и добро ја познава ситуацијата во нашиот клуб. Неговата блискост со клубот значи дека нема да му треба многу време за прилагодување и брзо ќе постави нов правец за развој на тимот“, изјави спортскиот директор на Унион Берлин, Хорст Хелд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













