Италијанскиот прволигаш Комо го официјализираше трансферот на хрватскиот репрезентативец Мартин Батурина, кој пристигнува од редовите на Динамо Загреб. Според информациите, вредноста на трансферот изнесува 17 милиони евра, со можност за дополнителни 5 милиони преку бонуси.
Батурина, кој има само 22 години, потпиша петгодишен договор со клубот, кој ова лето покажува сериозна амбиција и интензивна активност на трансфер пазарот.
Во изминатата сезона, младиот плејмејкер одигра 45 натпревари за Динамо, во кои се запиша со шест погодоци и 12 асистенции. Зад себе има и 12 настапи за сениорската репрезентација на Хрватска, а фудбалските експерти го сметаат за еден од најперспективните играчи на неговата позиција во Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













