
Колумбиецот Хамес Родригез пристигна во Евертон пред точно една година, а во првата година од договорот со „карамелите“ одигра 23 натпревари во Премиер – лигата и постигна шест гола.
Поголемиот дел од сезоната, тој соработуваше со сега веќе поранешниот менаџер на Евертон, Карло Анчелоти, со кого работеше и во Реал, каде Италијанецот се врати пред почетокот на оваа сезона.
Во Евертон, италијанскиот стручњак беше заменет со Рафаел Бенитез, кој не смета сериозно на Колумбиецот, кој поради тоа, среќата може да ја побара во Турција.
Според турските медиуми, поранешниот шампион Башакшехир, е заинтересиран за неговите услуги, и подготвен е да го донесе Хамес Родригез на едногодишна позајмица. Преодниот рок во Турција трае до крајот на оваа недела, а раководството на клубот во Колумбиецот гледа играч кој би можел да го изведе тимот од кризата на почетокот на сезоната.
Клубот кој стигна до првата титула во историјата на клубот во сезоната 2019-2020 во моментов е на претпоследното, 19. место на табелата, со три порази од исто толку натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
