
Претседателот на Барселона, Хозеп Мариа Бартомеу, со сите сили се бори да остане во фотелјата на каталонскиот гигант. Тој синоќа соопшти јавно дека воопшто не размислувал да поднесе оставка, а неговата најнова игра е барањето до владата на Каталонија, да се одложи референдумот во клубот на кој треба да се гласа за неговата смена.
Референдумот треба да биде одржан на 1/2.ноември, а Бартомеу побарал одложување и како причина ја навел пандемијата на коронавирусот која повторно многу сериозно ја тресе цела Шпанија.
Бартомеу има мандат до март следната година и се бори да остане на функцијата до крај. Тој влезе во отворена „војна“ со најдобриот фудбалер на клубот Лионел Меси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal