Барселона тргнува по германскиот репрезентативец Џошуа Кимих, кој е еден од лидерите во тимот на Баерн Минхен. Наводно, тој сака да си замине од Минхен и да се пресели на „Камп Ноу“, тврди „Мундо Депортиво“.
Барселона го планира како замена за капитенот Серхио Бускетс, кој официјално објави дека ќе замине од клубот по завршување на сезоната.
Кимих не се чувствува најдобро во Баерн Минхен и тој, заедно со Горецка, му беше поддршка на Џулијан Нагелсман при неговата неочекувана смена, па оттаму и веројатно желбата да замине од „Алијанц арена“.
Интересен факт е дека идол на Кимих од детските денови е токму Чави Хернандез, сегашниот тренер на Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













