Каталонскиот гигант Барселона нема така лесно да дозволи францускиот ас Килијан Мбапе ова лето да се пресели од Пари Сен Жермен во Реал Мадрид. Како што открива „Л’Екип“, раководството на Барселона ќе се обиде да го убеди Мбапе наместо на „Бернабеу“ во последен миг да пристигне на „Камп Ноу“.
„ПСЖ е известен за намерата на Барселона да го ангажира фудбалерот во летниот преоден рок. Барселона игра според правилата, поради тоа го известиле ПСЖ. Правилата на ФИФА во ваков случај се јасни, клуб што сака да ангажира играч кој се наоѓа во последните шест месеци од договорот, може да преговара директно со фудбалерот, но претходно мора да го извести неговиот актуелен клуб“, пишува „Л’Екип“.
Следниот потег на Барселона ќе биде тренерот Чави Хернандез да му објасни на Килијан Мбапе дека на „Камп Ноу“ се создава тим кој ќе владее со европскиот фудбал во наредните десетина години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













