
Барселона е заинтересирана за привлекување на дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пишува „Мундо Депортиво“.
23-годишниот Канаѓанец е дел од германскиот гигант од 2018 година, кога дојде од американската МЛС – лига. Оваа сезона тој настапи на пет натпревари за својот тим во Бундес-лигата, како и на двата дуели во Лигата на шампионите, но сè уште нема постигнато гол.
Летово се појавија информации дека големиот ривал на Барселона, Реал Мадрид, исто така сака да го донесе Алфонсо Дејвис во своите редови, но тогаш „кралевите“ не се договорија со германскиот клуб и одлучија да ја остават работата за следното лето, кога играчот би можел да дојде на слободен трансфер.
Реал Мадрид наводно се договорил со Алфонсо Дејвис да почека уште една година. Пазарната вредност на Алфонсо Дејвис изнесува 50 милиони евра, што е за 20 милиони помалку од минатата година, кога неговата вредност беше 70 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
