
Барселона размислува за смена на Чави, а претседателот Хоан Лапорта веќе има три кандидати за негов наследник, пишува шпанскиот весник „Ел Насионал“. Раководството на каталонскот клуб е незадоволно од двата последни резултати кои комплетно ја променија перспективата.
Барселона е пред испаѓање од Лигата на шампионите по ремито со Интер (3-3) на домашен терен, а го загуби и од Реал Мадрид со 3-1 во Ел Класико.
Чави ја презеде тренерската позиција на Барселона пред неполна година од Роналд Куман, а има полши резултати од него. Во меѓувреме, Барселона доведе неколку звучни засилувања на „Камп Ноу“.
За најверојатен наследник на Чави е претставен Томас Тухел, германскиот стратег кој до неодамна го водеше Челси. Второто име на листата е Марсело Гаљардо, кој си заминува од Ривер Плата по осум сезони, а третата, и најмалку веројатна опција, е Јирген Клоп, актуелниот менаџер на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
