Connect with us

Барселона преку Пике до првите три бода во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Без многу труд, Барсeлона стигна до првите три бода сезонава во групата Е од Лигата на шампионите, благодарение на минималната победа од 1-0 над Динамо Киев. Натпреварот го реши Жерар Пике во 36. минута од првото полувреме.

При изведување на удар од аголот, топката дојде до Жорди Алба, кој испрати прецизен центаршут кон Пике во шеснаесетникот. Се што му остана во тој момент на шпанскиот дефанзивец, кој беше оставен потполно сам од страна на Миколенко и Сирота во средината на пеналтикот, е да ја испрати топката во мрежата на Украинецот Бушчан.

Со ова, Жерар Пике на возраст од 34 години и 260 дена, стана најстариот стрелец на каталонците во Лигата на шампионите, надминувајќи го Силвињо, кој со своите тогашни 34 години и 241 ден, беше стрелец против Шахтјор Доњецк во декември 2008 година.

Во преостанатиот дуел, Салцбург славеше убедлива победа од 3-1 над германски Волсфбург на “Ред Бул Арена” во Австрија. Стрелци на головите за домашниот состав беа Адејеми, Окафор, кој успеа да постигне два погодоци, додека пак единствениот гол за составот кој го предводи ван Бомел, го постигна Нмеча.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови