Connect with us

Барселона повторно го критикуваше селекторот Де ла Фуенте

Фудбалерите на Шпанија ја декласираа селекцијата на Бугарија со 4-0, но по овој натпревар Барселона повторно изрази незадоволство кон селекторот Луис де ла Фуенте.

Имено, и покрај најавите дека Педри ќе добие заслужен одмор, бидејќи играше на секој натпревар и за Барселона и за Шпанија од почетокот на сезоната, тој повторно беше меѓу стартерите на „црвената фурија“.

Каталонските медиуми истакнуваат дека Де ла Фуенте покажал дополнително непочитување кон Барселона бидејќи Педри остана на теренот речиси 70 минути, иако Шпанија имаше лесни два гола предност.

Де ла Фуенте по натпреварот изјави дека не сака да игра без Педри, затоа што тој е уникатен играч во репрезентацијата:


„Можете да очекувате од него сè што сакате. Тој е неверојатен и уникатен фудбалер. Тој гледа празнини и простори во играта кои никој друг не ги забележува“, рече Де ла Фуенте.

Каталонците потсетуваат дека „ФИФА вирусот“ веќе ја погоди Барселона, бидејќи повреди претрпеа Дани Олмо и Роберт Левандовски, кои се придружија на веќе повредените Гави, Фермин Лопез, Рафиња и Жоан Гарсија, па Де ла Фуенте повторно го ризикуваше Педри без потреба.

Да потсетиме, по репрезентативната пауза во септември, Ханси Флик јавно го критикуваше Де ла Фуенте за тоа што го форсираше Ламин Јамал, кој потоа не играше речиси три недели.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови