Спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани, ја потврди продажбата на Осман Дембеле во Пари Сен Жермен.
„Тој е на пат за Париз и договорот е постигнат. Само треба да ги потпишеме сите документи“, изјави Алемани.
Дембеле набрзо ќе стане играч на ПСЖ, а Барселона би требало да заработи околу 50 милиони евра.
Тој пристигна во Барселона пред шест години од Борусија Дортмунд за 140 милиони евра, но никогаш не го реализираше целиот свој потенцијал поради честите повреди и непрофесионалниот пристап кон фудбалот. За шест години одигра 185 натпревари, постигна 40 гола и 43 пати асистираше.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













