
Добар дел од минатата година се мислеше дека Осман Дембеле ќе ја напушти Барселона како слободен играч. Французинот стана слободен играч на крајот на јуни, но набрзо Барса ја продолжи соработката до 2024 година. Французинот сакаше да остане на „Камп Ноу“, иако заинтересирани беа клубови како Челси, Арсенал, ПСЖ…
Оваа сезона тој е редовен во стартниот состав на Чави. Поранешниот играч на Борусија Дортмунд има ефект од два гола и четири асистенции на осум одиграни натпревари. Тој стана подисциплиниран на тренинзите, а според шпанските медиуми – следува награда.
Барсалона сака што побрзо да се договори за продолжување на соработката со 25-годишниот Французин. Ќе добие продолжување најмалку до 2026 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal