
Барселона е елиминирана од Лигата на шампионите, ќе продолжи со настапи во Лига Европа, но тоа не значи дека ќе се откаже од зацртаните планови. Раководството на клубот ќе се обиде да донесе ново звучно засилување во зимскиот преоден рок.
Каталонците сметаат дека треба дополнително да го засилат играчкиот кадар за да можат да се носат со најдобрите, а особено се заинтересирани за играчи во последната година од нивните договори.
Како што пишува „Мундо Депортиво“, спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани веќе составил список на потенцијални засилувања.
Тоа ги вклучува играчите од средниот ред на Челси, Н’Голо Канте (31) и Жоргињо (30), играчот од средниот ред на Лестер, Јури Тилеманс (25), десниот бек на Манчестер Јунајтед, Диого Дало (23), крилото на Вилјареал, Николас Џексон (21) и напаѓачот на Борусија Дортмунд, Јусуф Мукоко (17).
Сите споменати фудбалери во јануари ќе можат слободно да изберат нова средина, а каталонскиот клуб ќе се обиде прво да реагира и да доведе дел од овие имиња во своите редови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski