Connect with us

Барселона обвинета за поткуп во „случајот Негреира“

Првиот човек на Истражниот суд во Барселона, Хоакин Агире, го обвини фудбалскиот клуб Барселона за поткуп.


„Случајот Негреира“ продолжува. Барселона беше обвинета за кривично дело поткуп кога тогашното раководство предводено од Хосеп Марија Бартомеу и Сандра Росел плати неоправдани 7.500.000 евра на Хозе Марија Енрикез Негреира и неговиот син.


Негреира беше потпретседател на шпанската судиска организација во тоа време и се верува дека ова бил обид на Барселона да ги придобие судиите за време на натпреварите во Ла Лига.


Уплатата е извршена на сметката на компанијата која ја поседувал Негреира, а отворена е и посебна истрага која ќе утврди дали поранешниот потпретседател на шпанската судска организација на овој начин „перел пари“.


Не се очекуваат апсења, пишуваат медиумите во Шпанија, но тоа е доволно за да се уништи угледот на клуб како Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови