
Барселона е во лоша финансиска состојба, но, сепак, планира нови засилувања. Тие треба да пристигнат на „Камп Ноу“ следното лето.
Раководството на каталонскиот клуб работи на договор за потпишување на напаѓачот на Лајпциг, Дани Олмо, а фокусот ќе биде и кон Ерлинг Халанд и кон Пол Погба, најавуваат медиумите во Шпанија.
Каталонците имаат долг од 1,15 милијарди фунти, како што беше објавено во август, поради што не можеа да ја задржат водечката ѕвезда Лионел Меси, кој сега е во Пари Сен Жермен.
Летната криза исто така ги ограничи можностите на Барселона на трансфер – пазарот, бидејќи каталонскиот гигант потпиша само слободни агенти, Серхио Агуеро, Ерик Гарсија и Мемфис Депај, додека Јусуф Демир и Лук де Јонг се приклучија на позајмица.
Според „Мундо депортиво“, веќе се водат разговори со Дани Олмо од Лајпциг, додека Халанд и Погба се под „заштита“ на Мино Раиола.
Халанд има откупна клаузула од 76 милиони фунти, која ќе стапи на сила следното лето. Норвежанецот постигна 66 гола на 66 натпревари откако дојде во Дортмунд од Салцбург во јануари 2020 година. Но, тука ќе треба да се задоволи и Мино Раиола, контроверзниот агент кој бара огромна провизија.
Сепак, Барселона има план, сака да го ангажира и Пол Погба, доколку не потпише нов договор на „Олд Трафорд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Интернационалци
ОФК Београд го претстави Марко Алчевски како ново засилување

Евро-фудбал
Луј ван Гал го победи ракот

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
