
Барселона не ја разгледува можноста за враќање на Дани Алвеш на бесплатен трансфер, известува “Скај Италија”. Бразилецот му се понуди на Роналд Куман и на каталонскиот гигант, откако неговиот договор со Сао Паоло беше раскинат минатиот месец поради спор околу платата.
“Ако ѝ требам на Барса, само треба да ми се јави. Сѐ уште мислам дека можам да помогнам на кој било клуб, но пред се на Барса поради големиот број на млади играчи што ги има сега”, изјави 38-годишниот бек пред само неколку дена.
Алвеш, во 2016 година, ја напушти Барселона и премина во Јувентус. Потоа, следна станица за него беше Пари Сен Жермен пред да се врати во татковината, односно во бразилски Сао Паоло. Ветеранот во моментов е слободен агент, но пензионирањето, наводно, не е опција за него.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
