
Финансиската криза не ги заобиколи водечките европски клубови. Турската телевизија „НТВ Спор“ ја објави листата на клубови кои се најголеми должници, а Барселона е убедливо на првото место.
Каталонскиот гигант има долг од милијарда и 300 милиони евра. На второ место е Јувентус со долг од 900 милиони евра, а на третото интересно е Тотенхем со актуелен долг од 826 милиони евра.
Во Топ 5 има и два гиганти од Милано. Покрај името на Интер стои долг од 702 милиони евра, додека актуелниот шампион на Италија, Милан, должи 666 милиони евра.
Европскиот шампион Реал Мадрид има долг од 662 милиони евра, а меѓу првите десет должници се и Арсенал, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal