Барселона во летниот преоден рок ќе се обиде да го доведе фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Наби Кеита. Гвинеецот пристигна на „Енфилд“ од Лајпциг во летото 2018 година за 53 милиони фунти, но досега не успеа да стане важен играч во изборот на Јирген Клоп. Честите повреди значително му ја ограничија минутажата во претходните сезони.
Всушност, оваа сезона е една од најдобрите за Кеита откако беше донесен во Ливерпул. Сезонава досега има 16 натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола.
Голема е веројатноста Ливерпул на лето да се раздели со Кеита, а фаворит за потписот на играчот од средниот ред е токму Барселона. За Кеита се заинтересирани и Баерн Минхен, Милан, Рома и Вест Хем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













