Барселона состави список на играчи за засилување на крилната позиција, пренесува „Мундо Депортиво“. Според изворот, Каталонците во летниот преоден рок ќе се обидат да ангажираат еден од тројцата таргетирани играчи. На листата се Квича Кварацкелија (Наполи), Каору Митома (Брајтон) и Габриел Мартинели (Арсенал).
Челниците на Барселона го сметаат Мохамед Салах од Ливерпул за најдобриот крилен играч во светот, но знаат дека неговиот трансфер нема да биде возможен.
Кварацкелија оваа сезона одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест гола и забележа четири асистенции.
Митома одигра 19 натпревари и успеа да постигне три гола, заедно со седум асистенции.
Мартинели одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и четири асистенции.
Најевтин од тројцата е Митома, околу 50 милиони евра, а најпосакуван меѓу Каталонците е Квича Кварацкелија.
Од претходно е познато дека бразилскиот крилен играч Рафиња најверојатно ќе ја напушти Барселона на лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













