Барселона го загуби трпението со Осман Дембеле, открива каталонски „Спорт“. Славниот клуб му даде ултиматум на францускиот фудбалер да одговори на понудата за продолжување на договорот до крајот на октомври. Тие веруваат дека доцнењето на неговиот одговор покажува непочитување кон клубот од фудбалер кој поради повреди помина повеќе од половина од сегашниот договор во болниците. Тој има договор со Барселона до крајот на сезоната.
Клубот од „Камп Ноу“ бара од Дембеле да се согласи на нов договор доколку планира да остане во Барселона.
Доколку не се постигне договор, каталонскиот клуб би го продал во јануари. Доколку не се согласи да си замине, ќе остане на трибините до јуни. Тоа сериозно би го погодило Дембеле со оглед дека нема да може да се наметне кај францускиот селектор Дидие Дешамп и да добие покана за настап на Светското првенство во Катар.
Дембеле е вториот најскап играч во историјата на Барселона за кого плати 135 милиони евра на Борусија Дортмунд пред четири години. Тој оваа сезона не настапува поради повреди. Досега одигра 118 натпревари за Барселона и постигна 30 голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













