Каталонскиот гигант Барселона со сите сили се обидува да го убеди Нико Вилијамс да ја прифати понудата која ја има на маса.
Пред неколку недели изгледаше дека сè е подготвено и нацртано за неговиот голем трансфер во Каталонија, но, изминатите денови владее песимизам во Барселона.
Голем притисок изврши неговиот брат Ињаки, кому Нико уште порано му ветил дека ќе играат заедно во Лига Европа, особено што финалето во новата сезона се игра на „Сан Мамес“.
Покрај тоа, и Атлетик Билбао му подготви значително зголемување на платата доколку одлучи да остане во матичниот клуб.
Барселона остана во паника, иако истовремено води преговори и со Дани Олмо, кому за разлика од Нико, апсолутен приоритет му е да го засили тимот на Ханси Флик.
Како што пренесоа денес каталонските извори, спортскиот директор на Барселона, Деко, му постави на Нико ултиматум дека оваа понуда е актуелна ова лето и дека нема да го чекаат и наредното. Возот за Барселона еднаш застанува на станицата кај Нико Вилијамс, е пораката од Каталонија додека чекаат одличниот крилен напаѓач да се качи во вагонот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski