Connect with us

Барселона „лови“ слободни агенти: Погба, Кеси, Рудигер…

Финансиската слика на Барселона никогаш не била полоша. Клубот должи вкупно 1,35 милијарди евра, а само минатата сезона го зголеми долгот за 481 милион евра. Тимот на Барселона не делува толку моќно како порано, а претседателот Хоан Лапорта се обидува да ги среди работите за да ја направи Барселона посилна во наредните сезони.


„Мундо Депортиво“ открива дека Барселона следното лето ќе се обиде да донесе пет нови фудбалери, бесплатно. Каталонскиот клуб е насочен кон играчи чиј договор истекува на крајот на сезоната.

Голманот Андре Онана (25) од Ајакс е прв на листата на листата желби. Барселона би презела двајца играчи и од Челси. Тоа се дефанзивците Цезар Аспиликуета (32) и Антонио Рудигер (28). На списокот се уште Пол Погба (28) од Манчестер Јунајтед и Франк Кеси од Милан (24).

На ист начин пред почетокот на оваа сезона на „Камп Ноу“ пристигнаа Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Ерик Гарсија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови