
Барселона ја оствари седмата победа во Ла Лига оваа сезона откако го совлада Валјадолид на гости со 0-3. Каталонскиот тим сега е на петтата позиција на табелата со 24 бода, осум помалку од лидерот Атлетико Мадрид.
Клемен Ленгле донесе предност за Барса во 21.минута, а Мартин Братвајт ја удвои до крајот на првиот дел. Во второто полувреме и Лионел Меси се запиша меѓу стрелците во 65.минута на асистенција на Педри. Тоа беше 644. погодок за Меси во дресот на Барса, со кој го надмина легендарниот Пеле и сега го држи рекордот за фудбалер кој постигнал најмногу голови за еден клуб во историјата.
Вилјареал и Атлетик Билбао ремизираа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
