Фудбалерите на Арсенал загубија од Вест Хем (0-2) во Премиер – лигата, но, сепак, сѐ уште се активни во борбата за титулата, а ќе играат и во осминафиналето на Лигата на шампионите против Порто. Затоа менаџерот Микел Артета размислува и за засилувања.
Една од главните цели веќе подолго време е играчот од средниот ред на Астон Вила, Даглас Луиз.
Сепак, Барселона сега им се вмеша во бизнисот и сака да го ангажира Бразилецот на лето.
Даглас Луиз во 2019 година се пресели од Манчестер Сити во Астон Вила, а во моментов неговата проценета пазарна вредност е 60 милиони евра.
Досега во сезоната на 27 натпревари, Даглас Луиз шест пати беше стрелец, а забележа и седум асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













