
Помина нешто повеќе од еден месец од затворањето на летниот преоден рок во кој Барселона ја засили својата одбрана со неколку засилувања, вклучувајќи ги Андреас Кристенсен, Жул Кунде, Маркос Алонсо и Хектор Белерин. Сепак, Каталонците најверојатно во јануари повторно ќе бидат на пазарот за нов дефанзивец.
„Мундо Депортиво“ тврди дека Барса ја разгледува можноста да го ангажира Ињиго Мартинез од Атлетик Билбао во зимскиот преоден рок, откако стана јасно дека дефанзивците на клубот ќе бидат надвор од терените поради повредите здобиени во изминатите неколку недели.
Каталонците ги загубија Жул Кунде и Роналд Араухо поради повреди за време на репрезентативната пауза. Се очекува Французинот да се врати навреме за „Ел Класико“ за десет дена, но репрезентативецот на Уругвај ќе биде надвор од терените повеќе од два месеци по операцијата.
Неодамна, Барслеона доби уште една лоша вест во врска со Андреас Кристенсен, кој заработи повреда на зглобот на натпреварот од Лигата на шампионите против Интер. Тоа го остава тренерот Чави Хернандез само со Ерик Гарсија и Жерар Пике како опции за централните дефанзивни позиции. Тој дури размислува да го повика младиот Чади Ријад за претстојниот натпревар против Селта Виго.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?
