Connect with us

Барселона ќе има и нов спортски директор: Пујол и Овермарс главни кандидати

Барселона под водство на Чави Хернандез подготвува револуција и радикални промени. Откако воведе строги правила и сосема поинаков кодекс на однесување во соблекувалната, го смени главниот физиотерапевт, сега Чави сака промени и во фотелјите.


Каталонските медиуми потврдија дека спортскиот директор Рамон Планес ќе си замине од функцијата, а главни кандидати за негово место се Карлес Пујол и Марк Овермарс.

Пујол двапати го одбиваше претходното раководство на клубот, но сега би сакал да соработува со Хоан Лапорта, Жорди Кројф и Чави Хернандез.

Пујол е една од најголемите легенди на клубот, но нема толку големо искуство на оваа функција како Марк Овермарс. Одличниот Холанѓанец направи чудо со Ајакс, договорот му истекува на лето и ја чека покана од Хоан Лапорта. Тој пред неколку дена ја одби богатата понуда од Њукасл.

Овермарс и јавно кажа дека негов сон е да биде директор на Барселона или Арсенал, неговите поранешни клубови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови