Раководството на Барселона наскоро ќе ги обнови договорите на две свои млади ѕвезди, Педри и Пау Кубарси. И двајцата се сметаат за клучни играчи во долгорочните планови на Каталонците, кои сакаат да ги наградат со подобри услови отколку што имаат моментално, сакајќи да ги врзат на долг временски период за да ги одвратат другите кандидати за нивниот потпис.
Педри направи специјално враќање од повредата, правејќи фантастична асистенција против ПСЖ. Барса веќе подготвува нова понуда за договор што ќе му ја достави во наредните месеци.
„Мундо Депортиво“ открива и за подготвениот нов договор за Кубарси. Младиот талент ги импресионираше сите, се проби во првиот тим оваа сезона и имаше одлични настапи.
Во моментов неговиот договор е до 2026 година, но има откупна клаузула вредна само 10 милиони евра. Токму поради тоа Барса сака да го убеди повторно да потпише, за да не го грабне некој од другите европски гиганти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













