
Вечерва ќе се одиграат реваншите од првите два четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите. Барселона гостува кај Борусија Дортмунд, додека Пари Сен Жермен ќе се соочи со Астон Вила во Бирмингем.
Барселона обезбеди убедлива предност од 4-0 на првиот натпревар одигран во Шпанија. Каталонскиот тим доминираше и направи сериозен чекор кон полуфиналето. Борусија Дортмунд, и покрај неколкуте шанси, не успеа да се наметне во првиот дуел, а дополнителен проблем за германскиот тим претставува отсуството на стоперот Нико Шлотербек, кој ќе го пропушти остатокот од сезоната. Под знак прашалник е и капитенот Емре Џан, кој не тренираше со екипата во понеделникот.
Во шпанскиот табор, тренерот Ханси Флик ќе се обиде да го задржи вниманието на фудбалерите, и покрај високата предност. Барселона има шанса да продолжи успешната сезона во која се натпреварува за четири трофеи. Роберт Левандовски, кој постигна два гола во првиот меч, е на чекор од јубилејниот 100-ти погодок во дресот на каталонскиот клуб.
Во вториот четвртфинален дуел, Астон Вила ќе се обиде да ја анулира негативата од 1-3 против Пари Сен Жермен. Англискиот претставник има добра форма на домашен терен, но ПСЖ е фаворит за пласман понатаму поради квалитетот и искуството на своите фудбалери. Тимот на Луис Енрике ќе се обиде да ја задржи предноста и да обезбеди ново полуфинале во елитното европско натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
