Шпанскиот интернационалец Алваро Мората заминува од Јувентус и се враќа во Шпанија. Барселона се договори со италијанскиот калчолигаш и прифаќа да ја преземе платата на Мората до крајот на сезоната, но последниот збор сепак ќе го има Атлетико Мадрид.
Напаѓачот е член на мадридскиот клуб кој како позајмен настапуваше за Јувентус. Со оглед дека торинскиот состав прави голема реконструкција, Мората треба да се врати во Атлетико Мадрид. Барселона е заинтересирана да го доведе на позајмица до крајот на оваа сезона, но актуелниот шпански првак планира да го продаде за сума од 35 милиони евра. Прашање е дали Барса ќе може позитивно да одговори на овој финансиски предизвик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













