
Каталонскиот гигант Барселона сака да го донесе во своите редови шпанскиот репрезентативец Дани Олмо од Лајпциг. Тој ја напушти познатата „Ла Масија“ како 15-годишник и се пресели во Динамо Загреб. Оттаму направи голем трансфер во бундеслигашот Лајпциг, а беше еден од најдобрите фудбалериво шпанскиот национален тим на Европското првенство.
Барселона е подготвена на германскиот клуб да му ги понуди Мартин Брајтвајт, Самуел Умтити и Миралем Пјаниќ за Олмо. Се разбира, одредена сума пари исто така би била вклучена во оваа размена.
Пјаниќ пристигна во Барселона во размена со Јувентус за Артуро Мел, а во дресот на каталонскиот тим одигра 30 натпревари и немаше голем ефект. Неговиот договор со Барселона го врзува за уште три сезони, а годишната плата е нешто повеќе од осум милиони евра. За него постои интерес и од неколку клуба од Серија А и од Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal