Connect with us

Барселона го продава Кристенсен за да ослободи место за регистрација на Дани Олмо

Барселона повторно не успеа да го регистрира Дани Олмо, а ситуацијата се компликува бидејќи клубот мора да ослободи простор во буџетот за плати. Иако се надеваа дека со продажба на ВИП места ќе го решат проблемот, тоа не се случи, па изгледа дека единствениот излез сега е продажба на еден од првотимците.

Според шпанските медиуми, најверојатно жртва на оваа ситуација ќе биде данскиот дефанзивец Андреас Кристенсен. Барселона веќе го понудила на Јувентус, со надеж дека ќе го продаде што е можно побрзо. Ако Кристенсен го напушти клубот, тоа автоматски ќе им овозможи на Каталонците трајно да го регистрираат Олмо.

Интересно е што Олмо го одигра првиот дел од сезоната благодарение на тоа што Кристенсен беше повреден и надвор од теренот неколку месеци. Барселона тогаш го повлече Кристенсен од списокот на регистрирани играчи за да направи место за Олмо.

Кристенсен, кој пристигна во Барселона во летото 2022 година како слободен играч од Челси, има договор со клубот до 2026 година. Сепак, Барселона е подготвена да го продаде за помалку од 20 милиони евра за да го реши проблемот со регистрирањето на Олмо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови