Барселона оствари убедлива победа над Реал Мадрид и го освои трофејот во Суперкупот на Шпанија, по триумфот од 5-2 во финалето одиграно во Џеда, Саудиска Арабија. Каталонскиот тим прикажа одлична игра и ги остави ривалите без одговор.
Реал Мадрид успеа да го отвори резултатот преку Килијан Мбапе во петтата минута, но Барселона брзо се врати во игра.
Во 22. минута, Ламин Јамал го израмни резултатот со прекрасен гол.
Роберт Левандовски реализира пенал во 36. минута, носејќи предност за Барса.
Само три минути подоцна, Рафиња го зголеми водството на 3-1.
Пред крајот на првото полувреме, Алехандро Балде ја искористи шансата и погоди за 4-1.
Барселона продолжи со одличната игра. Во раната фаза од вториот дел, Рафиња повторно беше прецизен за 5-1, со што практично го реши натпреварот.
Во 56. минута, Шчешни доби директен црвен картон по старт над Мбапе.
Реал Мадрид успеа да намали на 5-2 со голот на Родриго од слободен удар, но тоа беше само утешен погодок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Интернационалци
Бојан Миовски двоен стрелец за Ренџерс (ВИДЕО)













