
Барселона дојде на „Паркот на принцовите“ и го победи Пари Сен Жермен со 2-3. Рафиња беше херојот на каталонскиот тим со два фантастични гола, а пресвртот го потврди Андреас Кристенсен.
Чави успеа го надмудри Луис Енрике, па ПСЖ ќе мора да брка негатива на реваншот во Шпанија.
Рафиња во 37.минута го отвори резултатот, но ПСЖ за пет минути во вториот дел постигна два гола преку Осман Дембеле и Витиња.
Сепак, одговори повторно и Барселона. Рафиња постигна втор гол со волеј-удар, по одличното додавање на Педри, а Андреас Кристенсен со удар со глава во 77.минута за триумф на шпанскиот претставник. ПСЖ двапати ја погоди рамката од голот на Тер Штеген, но ќе патува со негатива
Атлетико Мадрид ја совлада Борусија Дортмунд со 2-1. Родриго де Пол во четвртата минута обезбеди предност за шпанскиот тим, а Лино ја удвои во 18.минута. Борусија Дортмунд ја врати надежта со погодокот на Себастијан Але во 81.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
