Connect with us

Барселона го носи Гуедеш како замена за Депај

Каталонскиот гигант Барселона го сака португалскиот напаѓач Гонзало Гуедеш како замена за Мемфис Депај, кој се сели во Атлетико Мадрид, пишува „Ас“.


Тој треба да дојде на шестмесечна позајмица поради рестрикциите на Барселона за финансискиот фер-плеј, додека зделката би вклучувала и опција за купување по завршувањето на сезоната.

Тоа би било најдоброто можно сценарио во моментов за Барселона со оглед дека Гуедеш треба да донесе квалитет на левата страна. Има брзина, одличен шут и претходно играчко искуство во Шпанија каде ги бранеше боите на Валенсија пред да се пресели во Пари Сен Жермен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови