
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, би можел во иднина да го преземе шпанскиот гигант Барселона, пренесува каталонскиот „Спорт“.
Сегашниот тренер Чави Хернандез во моментот ја има поддршката иако тимот не успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите, но јасно е дека раководството на Барселона е импресионирано од работата на Микел Артета во Арсенал и напредокот што го направи со лондонскиот клуб.
Шпанскиот стручњак долго време соработуваше со Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, а токму тој бележеше одлични резултати со каталонскиот гигант. Оттаму на „Камп Ноу“ сметаат дека Микел Артета би бил идеално решение за наследник на Чави, кога за тоа ќе дојде време.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski