
Каталонскиот гигант Барселона по секоја цена сака нов играч за врска во зимскиот преоден рок, а нова цел е Алеиш Гарсија.
Станува збор за 26-годишниот капитен на Џирона, кој експлодира оваа сезона со одлични игри.
Неговата кариера е навистина чудна, бидејќи своевремено беше дел од Манчестер Сити кој го донесе од Вилјареал.
Во Џирона првпат пристигна во 2017 година на позајмица, но потоа не покажа ништо бидејќи следуваше нова позајмица во белгискиот Мускрон. Неговиот договор со Манчестер Сити истече во летото 2020 година кога го избра Динамо Букурешт како слободен агент.
По една и пол година, зимата 2021 година повторно беше слободен и потпиша за Еибар краткорочен договор.
Летото 2021 година реши да замине во Џирона и дури тогаш, на 24 години, почна да игра сѐ подобро и подобро.
Мичел му ја даде капитенската лента и досега за Џирона одигра 150 натпревари со ефект од осум гола и 19 асистенции. Според многу параметри, тој е меѓу најдобрите играчи од средниот ред оваа сезона.
Чави во него гледа идеално решение поради тешката повреда на Гави и тоа што Педри повторно е надвор од теренот поради задната ложа.
Клаузулата на Гарсија е 20 милиони евра, но Барса сака во операцијата да го вклучи и Ориол Ромеу, кого по шест месеци би го вратиле во Џирона, иако се споменува и Пабло Торе, играчот на Барса на позајмица во Џирона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Родриго де Пол е ново засилување за Интер Мајами

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае
