
Раководството на Барселона ја отфрли можноста во своите редови да ја врати бразилската ѕвезда Нејмар. По неуспехот со трансферот на Лионел Меси, кој повеќе сакаше да се пресели во Интер Мајами, токму Нејмар беше понуден на каталонскиот гигант.
Агентот Пини Захави се обиде да работи на таков договор, но претседателот на Барселона, Жоан Лапорта веднаш ги прекина разговорите.
Нејмар се пресели во ПСЖ со рекорден трансфер од 222 милиони евра токму од редовите на Барселона. Никој во клубот не се сомнева во квалитетите на фудбалерот, кој играше покрај сегашниот тренер на тимот Чави Хернандез.
Според медиумите во Шпанија, има две причини за одбивањето на Барселона да стапи во преговори со Нејмар. Првиот, се разбира, е финансиски. Како што е познато, Каталонците мораат да почитуваат строга финансиска дисциплина, која строго ја следи и Шпанската фудбалска федерација.
Од друга страна, раководните фактори на „Камп Ноу“ стравуваат за атмосферата во тимот. Нејмар е контроверзен лик, особено надвор од теренот, а тоа може да се покаже пресудно за хармонијата во соблекувалната, која во моментот е одлична.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
