Connect with us

Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Шпанскиот шампион Барселона се соочува со големи проблеми пред вечното дерби против Реал Мадрид, бидејќи од составот отпадна уште една ѕвезда — Роберт Левандовски.

Полскиот напаѓач заработил сериозна повреда, поради која се очекува да паузира околу еден месец, а неговото враќање на терен се предвидува за натпреварот против Атлетик Билбао на 23 ноември.

Барселона веќе остана без Дани Олмо и Феран Торес, кои исто така се повредени, додека до „Ел Класико“ се очекува во тимот да се вратат Фермин Лопез, Рафиња и Ламин Јамал, иако засега нема официјална потврда за нивната подготвеност.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови