Каталонскиот гигант Барселона се чини дека е најголемиот губитник ова лето, со оглед дека не доби дозвола од Ла Лига да го верификува договорот на аргентинската ѕвезда Лионел Меси и тој замина во Пари Сен Жермен. Раководството на клубот од „Камп Ноу“ се обидува да ги среди финансиските книги, потребно е да продаде неколку фудбалери до крајот на преодниот рок, но Роналд Куман размислува и за едно ново засилување.
Тој сака да го доведе во Барселона португалскиот интернационалец Бернардо Силва од Манчестер Сити.
Одличниот играч за врска е на излезна врата од „Итихад“, а Манчестер Сити исто така мора да продава дел од ѕвездите за да го задоволи финансискиот фер-плеј по трансферот на Џек Грилиш, но подготвува и уште еден мегатрансфер на напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.
Барселона бара начин како да изнајде средства во буџетот за да го доведе Бернардо Силва до крајот на летниот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













