Барселона постави бомбастична цена од 100 милиони евра за нивниот најдобар дефанзивец Роналд Араухо. 25-годишниот Уругваец е цел на интерес на неколку клубови од Европа и на „Камп Ноу“ се разгледува опцијата за негова продажба за да се засили буџетот за следната сезона. Сепак, тоа ќе се случи само доколку Барса добие понуда која ги задоволува финансиските барања, пишува каталонскиот „Спорт“.
Во последните месеци се шпекулираше дека Араухо го бараат Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. Во оваа фаза, сепак, ниту еден клуб не е подготвен да плати слична сума за да ги обезбеди неговите услуги. Од друга страна, двата клуба можат да му понудат на дефанзивецот многу подобра плата и тоа може да доведе до тоа и играчот да ги притисне шефовите на Барса за трансфер.
Доколку не се постигне договор и Араухо остане на „Камп Ноу“, клубот може да размисли да му понуди продолжување на договорот, кој истекува во 2026 година. На овој начин Каталонците нема да мораат да се грижат дека подоцна треба да го ослободат бесплатно, а во меѓувреме и играчот ќе добие зголемување на платата и тоа ќе ја намали евентуалната тензија.
Барселона не планира активно да бара купувачи за Араухо, но доколку се појават такви, сигурно ќе седне на преговарачка маса.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













