
Фудбалскиот клуб Барселона ќе игра на друг стадион во текот на сезоната 2023/24. Натпреварите ќе се играат на Олимпискиот стадион, поради реконструкција на „Камп Ноу“, соопштија денеска претседателот на клубот, Жоан Лапорта и градоначалничката на Барселона, Ада Колау.
Овој долгорочен проект нема да биде завршен до сезоната 2025/26, а се планира да се трансформира не само стадионот, туку и целиот спортски комплекс.
За финансирање на работите, Барселона подигна заем од 1,5 милијарди евра, 900 милиони евра за „Камп Ноу“ и 420 милиони за „Блауграна“, сала што ја користат кошаркарскиот и ракометниот клуб.
Остатокот од парите ќе ги вложи во стадионот „Јохан Кројф“ кој го користи резервниот тим.
„Во текот на наредната сезона работите ќе се изведуваат на првите две нивоа на трибините, што ќе му овозможи на тимот да игра на стадионот со речиси 100 отсто капацитет“, рече Лапорта.
Враќањето на фудбалерите на „Камп Ноу“ се очекува во сезоната 2024/25, но со половина од капацитетот. Работите ќе бидат завршени во текот на сезоната 2025/26, а полн капацитет нема да може да се користи ниту таа сезона.
„Реновирањето има за цел да се подобри во областите „одржливост, иновации, технологија и пристапност“, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.
Лапорта истакна дека тоа ќе биде „најголемиот и најиновативниот спортски и тренинг простор изграден во еден град“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона
