
Барселона започна со сериозна реконструкција, ова е година на транзиција, а во фокусот се новите договори за Осман Дембеле, Педри и за Ансу Фати. Барса има големи очекувања од овие тројца фусбалери, особено од Дембеле, кој сега треба да дојде до израз со заминувањето на Меси и на Гризман, откако ќе се опорави од повредата.
Дембеле е приоритет број еден, бидејќи неговиот договор истекува следното лето и Хоан Лапорта сака да го обезбеди својот потпис што е можно поскоро. Французинот се согласи и на намалување на платата.
Педри и Ансу Фати ќе бидат единствените што ќе добијат подобрени договори, бидејќи навистина имаат минимални услови. Како деца кога потпишаа први договори, никој не можеше да поверува дека толку брзо ќе станат важни играчи во тимот. Педри исто така има договор до 2022 година, но клубот има опција да го продолжи до 2024. Барса нема да ја искористи таа опција, туку веднаш ќе му понуди на Педри многу подобар договор до 2025 година.
Слична е приказната и со Фати, тој исто така има договор до 2022 година, со опција да го продолжи до 2023 година. Барса ќе му понуди долгорочен договор и ќе изгради нов тим околу споменатото трио.
Сепак, тоа не е крај, бидејќи Барса ќе се обиде да го доведе Дани Олмо во зимскиот преоден рок. Каталонските медиуми откриваат дека тој веќе постигнал таен договор со клубот од „Камп Ноу“ и треба да потпише договор до 2026 година. Лајпциг ќе треба да добие отштета од 75 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)
