Ламин Јамал, мегаталентот кој дебитираше во саботата против Бетис и со тоа стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона, ќе добие професионален договор на својот 16. роденден, објави клубот.
Тој веќе извесен период тренира со првиот тим, а Чави Хернандез е воодушевен од неговите квалитети.
„Јамал има силен карактер и има голема самодоверба на теренот како да не е 15-годишник. Гледаме на тренинзите што може да направи и рамноправно се носи со сениорите. Преговорите во врска со неговиот договор одат во вистинска насока, сѐ е под контрола и јас сум целосно смирен“, изјави Чави.
Лакин Јамал е крилен напаѓач и веќе го нарекуваат „новиот Меси“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













